Погба: треба да се фокусираме на новите мечеви

0

Францускиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, кој беше творец на вчерашната победа од 1:0 на теренот на Барнли во одложениот натпревар од Премиер лигата, вели дека сега сите мисли се насочени кон дербито со Ливерпул.

„Знаевме дека мечот ќе биде многу тежок. Мора да бидеме професионалци. Не знам зошто го поништија голот на Хари Мегваер. Чудна одлука“ – вели Погба.

„Сите сме  среќни што победивме со добра игра. Ни претстои уште долг пат и серија на големи натпревари. Треба да се фокусираме на нив “ – изјави Погба.

 

Share.

Leave A Reply