Покетино по првиот трофеј со ПСЖ: Ова е само почеток !

0

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино им се заблагодари на сите во клубот откако го доби натпреварот од Суперкупот на Франција против Олимпик Марсеј со 2:1. Трофејот беше прв за Аргентинецот како тренер на парискиот клуб.

„Извојувавме многу важна победа. Трофејот е чест за клубот и навивачите. Тимот постепено почнува да го прави она што го барам. Јас сум тренер на ПСЖ скоро две недели, работиме напорно. Ова е само почеток. Веруваме дека со текот на времето ќе можеме да да ги зацврстиме нашите идеи и да напредуваме во играта. Сакам да им се заблагодарам на управата на клубот, играчите и мојот претходник Томас Тухел, заедно со неговиот тренерски штаб. Благодарение на овие луѓе имавме шанса да го освоиме Суперкупот“, рече Покетино по натпреварот.

Суперкупот на Франција е првиот официјален трофеј во кариерата на Покетино. Пред тоа, аргентинскиот тренер го освои трофејот на пријателскиот турнир Ауди Куп 2019 со тимот на Тотенхем.

Share.

Leave A Reply