35 годишниот, Реј Емери, кој долги години бранеше во Националната хокеј-лига на САД и Канада, се удавил во езерото Онтарио, соопшти полицијата во Хамилтон (Канада).
Според наведенот, тој заедно со семејството и со пријателите бил на одмор на спомената локација. Неговото тело било пронајдено во езерски води. Засега нема подетални информации за немилиот настан.
Рој Емери кој во богатата кариера во НХЛ лигата успеа во 2013 година да го освои „Стенли Купот“, бранеше за екипите на: Отава, Филаделфија, Анахајм и Чикаго.