Политиката на Трамп го уништува релито во Мексико

0

Релито Мексико кое е во програмата на светскиот шампионат се најде во тешка позиција и под знак прашалник одржување по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Како што велат организаторите, новата политика на Трамп за контрола на миграцијата од Мексико во САД, доведе до голем пад на мексиканскиот пезос и зголемување на трошоците на организаторите на трката.

„Целата работа со Трамп ја девалвира валутата за 40% за само една недела. Повеќето од работите кои ние ги користиме во релито ги носиме од САД и тие одеднаш стануваат многу поскапи. Проблем плус е и откажувањето на главниот спонзор Фолксваген“, изјави Патрик Зубервил.

Share.

Leave A Reply