Репрезентацијата на Полска во ско-скокови во состав: Пјотр Зила, Јакуб Волни, Давид Кубацки и Камил Стох, победи во денешното натпреварување на Светското првенство кое се реализира во Вилинген, Германија.
Тие собраа 979,4 поени и ги оставија на второто место домаќините (Карл Гајгер, Рихард Фраитаг, Маркус Ајзенбихлер и Штефан Лаје).Третото место го освои селекцијата на Словенија за која настапија: Анже Семенич, Петер Превц, Јернеј Дамјан и Тими Зајц.Во победничкиот тим се издвоија Волни кој имаше два скока преку 140 метри и Зила кој во првиот обид прескокна 146 метри што претствуваше и рекорд на денот. Германците освоија 900,2 поени а селекцијата на Словенија 874,0 поени.
Во рангирањето во екипна конкуренција води Полска со 4232 поени, пред Германија со 3806 поени и Јапонија со 3079 поени.