Полска не дозволи Франција да освои медал на ЕП

0

Одбојкарската репрезентација на Полска го совлада еден од домаќините на Европското првенство во одбојка,Франција која остана без медал на ова ЕП.

Откако по вчерашниот шок во полуфиналето и поразот во пет сета од Србија, денес го загуби и натпреварот за трето место. Франција во сред Париз беше надиграна од светскиот првак Полска со 3:0 во сетови (26:24,25:22,25:21).

Мечот траеше околу 90 минути, а во овој период доминираше селекцијата на Полска, која не дозволи во нитуи еден момент Франција да се надева на победа. Едноставно кај Франција не функционираше ништо во играта.

Утре од 17.30 часот се игра големото финале помеѓу Србија и Словенија, а победникот покрај освојувањето на титулата на ЕП, ќе се квалификува и на Олимписките игри во Токио.

Според минатиот труд и игрите на ова Еп, фаворит е селекцијата на Србија, но Словенија покажа одлична игра и затоа не смее да се отпишува пред натпреварот.

Share.

Leave A Reply