Полумаратонците трети во Приштина

0

Одличен настап за македонските атлетичари на меѓународниот полумаратон кој викендов се одржа во Приштина кој се бодуваше и како балканско првенство во полумаратон. Во рамките на екипните натпревари во женска конкуренција, нашите атлетичарки Милијана Ристиќ и Андријана Поп Арсова успеаја да го освојат третото место, додека кај мажите екипно бевме четврти.

Во рамките на полумаратонот се одржа трка на 5 километри каде во машка конкуренција доминираа нашите репрезентативци. Првото место го освои Дарио Ивановски, втор беше Милош Ранчиќ, а трет Атанас Анчевски.

Share.

Leave A Reply