Поп Ацев пливаше за добротворни цели

0

Најдобриот македонски пливач, Евгениј Поп Ацев, кој со семејството живее во Велика Британија, пливаше во чест на легендата, Нико Нестор. Тој делницата од 7.15 километри ја помина за 1 час и 37 минути.

„Пресреќен сум и сакам да објавам дека со завршување на пливачкиот предизвик се собрани над 750 фунти за доброотворната организација Нико Нестор. Условите беа одлични и навистина уживав во пливањето на делницата. Сакам да изразам огромна благодарност до сите кои ме поддржаа и помогнаа во остварувањето на оваа голема цел“  изјави Поп Ацев.

Добротворната организација – „Нико Нестор“,  која го носи името на првиот Македонец кој го препливал -„Ла Манаш“, финансиските средства ќе ги распредели на ранливите семејства за да можат да добијат часови по пливање и обука за безбедност на вода.

 

Share.

Leave A Reply