Утре стартува и новата сезона во домашното фудбалско првенство. Честа да ја кренат завесата на домашната фудбалска сцена ќе ја имаат најлутите ривали за титулата, шампионот Шкендија и вицепрвакот Вардар.
Вардар утре во рамките од 1. коло во новиот шампионат гостува во Тетово и по сите проблеми кои ги имаше на крајот на минатата и почетокот на оваа сезона, ќе се обиде да го изненади домаќинот уште во воведниот меч.
„Гостуваме на екипа која што ќе го има нашиот респект затоа што во квалификациите во Лигата на шампионите покажаа дека дека имаат квалитет. Меѓутоа со Вардар, Шкендија секогаш имала проблем во минатото особено на домашен терен. Ако први постигнеме гол во Тетово, ќе биде тешко да не победат. Ќе бидам реален и ќе кажам дека на хартија Шкендија во моментов има поквалитетна екипа од Вардар, меѓутоа добро е познато дека на вакви натпревари одлучуваат инспирација, желба, мотив…“, вели еден од поискусните во вардаровиот тим, Горан Попов.
Средбата во Тетово стартува од 17 часот, а ќе ја суди најдобриот судија, Александар Ставрев. Во истовреме во Скопје ќе се одигра дуелот меѓу Работнички и Ренова, кој ќе го суди Марјан Гоцевски.