Попович има негово видување за „тројките“

0

Грег Попович, кој има долг стаж на клупата на Сан Антонио Спарс во НБА лигата,  објасни зошто неговите кошаркари не шутираат тројки. Искусниот стратег има негово видување за тој дел од играта.

„Ги мразам тројките, така е веќе 20.години. По натпреварот, прво што ќе го направите е да погледнете колку тројки сте дале а колку противниците промашиле. Не ве интересираат скоковите и загубените топки или колку добро сте одиграле во одбраната”- рече Попович.

„Јас секогаш се шегувам, дека, ако сакаме да бидеме поразлични, треба да воведеме шут за четири поени. Ако сите толку ја сакаат тројката, ќе ја обожуваат и четворката“ – вели Попович.

Share.

Leave A Reply