Поранешен играч на Реал Мадрид интересен за Барселона

0

Левиот бек на Милан, Тео Ернандез е еден од играчите што Барселона го гледа како свој иден играч. Каталонците размислуваат да направат понуда за 22-годишниот фудбалер, кој има многу добра сезона со тимот на „росонерите“ и има вкупно 5 голови во Серија А.

Милан го купи Ернандез од Реал Мадрид за 20 милиони евра, а Реал нама опција да го врати дефанзивецот за одредена сума, ниту пак ќе добијат процент од неговиот следен трансфер. Според весникот „Марка“, на Ернандез кој потекнува од школата на Атлетико Мадрид, не му пречи да се врати во Шпанија.

Барселона бара засилување во левата бековска позиција затоа што Жорди Алба веќе не игра на своето познато ниво. Тео Ернандез импресионира сосвоите напаѓачки квалитети, а исто така е и добар во дефанзива. Од потпишувањето со Милан, неговата цена скокна двапати и Милан не планира да го ослободи за помалку од 40 милиони евра.

Share.

Leave A Reply