Порасна буџетот на „Австралија Опен“

0

Наградниот фонд на првиот сезонски тениски Грен Слем турнир – Австралија Опен, ќе биде зголемен за 10 проценти и во 2018 година ќе достигне околу 55 милиони австралиски долари.

Победниците во двете конкуренции, мажи и жени, ќе добијат по 4 милиони австралиски долари. Крег Тајли во улога на организатор, објави, дека од наредната година ќе има голем број на новитети вклучувајќи објект за тенисерите и посебни музички случувања во квалификациската недела.

Засега Oтвореното првенство на САД останува со најголем награден фонд од 50.4 милиони американски долари. „Вимблдон“ годинава имаше буџет од 41.7 милиони долари додека „Ролан Гарос“ има награден фонд од 36 милиони евра.

Share.

Leave A Reply