Пораз на Вардар на стартот на новата сезона од ЛШ

0

Ракометарите на Вардар се поразени со 24:22 на гостувањето во Белорусија против Мешков Брест во првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите. Момците на Алушовски го имаа мечот в рака кога на 3 минути пред крајот имаа предност од еден гол, но не знаеја да ја искористат до крај, им дозволија на домашните да се вратат во ритам и да приредат целосен пресврт.

Мешков посреќно дојде до премиерните бодови во групата, а Вардар уште еднаш ги демонстрираше своите слабости во играта, кои овој нов тим треба да ги поправа во од, додека трае сезоната. Вечерва сите пофалби одат на адреса на Борко Ристовски кои брилјираше на голот, но во нападот се чувствуваше безидејност.

Вујин со 6 гола беше најефикасен кај Вардар, а исто толку на спротивната страна имаа Паниќ и Ваилупау.

Share.

Leave A Reply