Порто ќе го врати Фелипе Андерсон во Вест Хем

0

Порто е подготвен предвреме да ја раскине позајмицата на играчот за врска Фелипе Андерсон и да го врати во Вест Хем. Бразилецот беше доведен на „Драгао“ во октомври со едногодишен договор, но досега не успеа да блесне во составот на „змејовите“, кои сериозно размислуваат предвреме да се откажат од неговите услуги.

Во исто време, Порто е близу до враќање на напаѓачот Халк од Шангај СИПГ. Се тврди дека ако тоа се случи, Андерсон сигурно ќе биде вратен назад во Вест Хем.

Share.

Leave A Reply