Кристијано Роналдо имаше лоша вечер во Лигата на фудбалските шампиони. Неговиот Јувентус загуби кај Атлетико Мадрид со 2:0 а домашните фанови го искористија целиот арсенал да ја навредат португалската ѕвезда.
Поранешниот играч на Реал не остана имун на провокациите од трибините и уште во првото полувреме им покажа пет прста на навивачите на Атлетико алудирајќи на освоените титули во Лигата на шампионите.
Тој во микс-зоната не сакаше да даде изјави туку само кратко проговори: Јас имам пет титули во Лигата на шампионите а Атлетико ниту една“.