Португалецот им е лут на новинарите

0

Кристијано Роналдо го прекина голгетерски пост на вчерашниот меч со АПОЕЛ во Лигата на шампионите а неговиот тим славеше убедливо на Кипар со 6 спрема 0.

Португалецот со двата гола во Никозија дојде до нов рекорд  за најмногу постигнати погодоци во една календарска година во најелитното натпреварување. Токму  прославата на погодокот што ја направи Роналдо која наликуваше како да се искачува по јаже, беше причина за новинарите да го чекаат нетрпеливо во микс-зоната за да дознаат која е целта на таквата невообичаена гестикулација. Тоа сепак не се случи бидејќи ѕвездата на „кралевите“ очигледно е влезен во тивка војна со седмата сила и не сакаше да застане и да даде класична изјава.

„ Јас кажувам едно, а вие пишувате друго. Како сакате да зборувам со вас ? “ – беа единствените зборови на голгетерот на Реал.

Share.

Leave A Reply