Шпанецот ја добил битката со корона-вирусот

0

Пепе Реина кој стоеше на голот на Ливерпул, Наполи, Барселона, Баерн Минхен, Милан и селекцијата на Шпанија, објави за шпанското радио – „Кадена Сер“ дека најверојатно  имал Ковид-19 и дека ја прележал болеста без да биде хоспитализиран.

„Ги имав сите симптоми, сува кашлица, температура, тешко дишев. Бев одвоен од семејството, се само изолирав. Сега се чувствувам подобро“ – вели Реина кој сега воопшто не мисли на фудбалот.

„Поминуваме тешки времиња и морам да кажам дека фудбалерите немаат право да се жалат. Ги имаме сите услови за да си седиме дома“ – потенцираше Реина кој во моментов има договор со Милан, но, настапува како позајмен играч во Астон Вила.

 

Share.

Leave A Reply