Првата ѕвезда на италијанскиот шампион Јувентус, Кристијано Роналдо, нема да присуствува на денешната гала свеченост во Париз на која ќе биде доделена традиционалната награда – „Златна топка”.
Откако беше обелоденето дека таа најверојатно ќе заврши во рацете на Лео Меси, Португалецот одлучил да го бојкотира настанот. Покрај Аргентинецот како фаворити за престижното признание се споменуваат играчите на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах, кои ја освоија титулата во Лигата на шампионите.
Според – „Спорт Медиасет”, Роналдо ќе присуствува на церемонија во Милано за да ја прими наградата за најдобар играч во претходната Сезона во Серија „А“ кога прв пат заигра во Италија и успеа да постигне 21 гол.