Португалов заработи драстична казна

0

Спортскиот арбитражен суд (CAS) го казни  доживотно рускиот доктор, Сергеј Португалов, кој е одговроен за бројни позитивни допинг примероци на руските спортисти, информира локалната атлетска федерација.

Во официјалното соопштение се вели дека Португалов во континуитет прекршил неколку анти-допинг правила на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IAAF), вклучувајќи и поседување и дистрибуција на забранети супстанции.

Португалов беше шеф на медицинската комисија на руската атлетика и беше посочен како човек што лично ги обезбедувал забранетите стимуланси. Од „CAS“ изјавија дека има јасни докази кои покажуваат дека Португалов ги допингувал спортистите.

Share.

Leave A Reply