Кошаркарите на Далас без повредениот Лука Дончиќ остварија важна победа на синоќашниот меч со Индијана на гостински терен. Предводени од Порзингис, Мавси обезбедија победа од 112:103 со што врза веќе втор последователен успех без својот најдобар кошаркар.
Кристап Порзингис ја презеде улогата на Дончиќ, постигна 38 поени и 12 скока и беше најзаслужен за успехот кај Индијана.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Орландо 100:112
Кливленд – Њујорк 134:139 (прод.)
Индијана – Далас 103:112
Вашингтон – Голден Стејт 117:125
Атланта – Бостон 115:123
Бруклин – Феникс 119:97
Мајами – Филаделфија 137:106
Мемфис – Детроит 96:82
Сакраменто – Минесота 113:109
Л.А. Клиперс – Сан Антонио 108:105