Последниот поздрав на оваа генерација на ракометарки на Вардар

0

Ракометарките на ЖРК Вардар го одигра последниот натпревар во овој состав и го освоија последениот трофеј во составот кој изминатите 5 години беше во врвот на Европскиот ракомет.

Откако го одиграа своето последно финале против Ѓер,каде уште еднаш го освоија второто место, се вратија на домашните обврски, ја потврдија титулата во шампионатот на Македонија, го освоија и Купот на Македонија, а со тоа се ги завршија своите обврски кон клубот.

Со својот последен настап денес во СЦ „Јане Сандански“ заврши убавата приказна која започна пред пет години и која ни донесе многу убави моменти и натпревари кои остануваат во историјата на спортот во нашата земја како резултатски успеси на една генерација на ракометарки на ЖРК Вардар кои пет години беа дел од ракометниот „крем“ на Европа.

На сите девојќи кои го носеа дресот на  Вардар оваа сезона управата на клубот им се заблогадари со пригодни подароци во знак на благодарност и сеќавање на се она што го направија за клубот во текот на овие неколку години.

Share.

Leave A Reply