Поспишил го елиминираше Мареј во Индијан Велс

0

Канадскиот тенисер Васек Поспишил ја направи првата голема сензација на Мастерсот во Индијан Велс откако утринава успеа да го елиминира првиот светски рекет и најголем фаворит на турнирот, Енди Мареј.

129-от на АТП ранкингот славеше во меч од второто коло со 2-0 во сетови (6-4, 7-6). Поспишил за час и 52 минути игра успеа да го елиминира Мареј, кај кого се чувствуваше голема несигурност во играта.

Во следното коло противник на Канаѓанецот ќе му биде Душан Лајовиќ од Србија кој синоќа го совлада Шпанецот, Феличијано Лопез со 2-1 во сетови.

Share.

Leave A Reply