Сè уште постои шанса италијанското дерби меѓу Јувентус и Интер да се одигра пред навивачите на двата тима.
Ова го откри гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана. Дуелот, кој е дел од 26-то коло во Серија А, е предвидено да се игра во 20:45 часот во недела на „Алианц Стадион“, но во моментов е предвидено да се одигра пред празни трибини поради коронавирусот.
„Се надевам дека денес ќе има пад на ширењето на коронавирусот, па ќе размислиме и за Јувентус – Интер. Ние ја следиме ситуацијата, јас сум смирен. Не се сомневам во позитивниот развој на ситуацијата. Треба да видиме каква ќе биде состојбата. Исто е и со училиштата. Ќе ја провериме ситуацијата во сабота и тогаш ќе одлучиме“, изјави Фонтана за италијанското радио.