Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) го официјализираше датумот на почеток и крај на Летните Олимписки и Параолимписки игри, кои идната година ќе се одржат во Токио, Јапонија.
Во текот на вчерашниот ден беше објавен терминот, а денес и официјално потврден од страна на ИОК кој поради пандемијата со коронавирусот, најголемиот спортски настан мораше да го одложи за една година. На состанокот на челните луѓе на Интернационалниот Олимписки Комитет и јапонските власти донесена е одлука за терминот на одржување на ЛОИ.
Летните Олимписки Игри ќе започнат на 23 јули и ќе траат до 8 август. Параолимписките игри пак, ќе бидат отворени на 24 август и ќе траат до 5 септември. Ова значи дека буквално нема да има скоро никако поместување на датите на почеток и крај на игрите кои требаше да се одржат оваа година скоро во истиот термин.