Потврдено: Шнајдерлин во Евертон

0

Манчестер Јунајтед и Евертон си подадоа рака за трансферот на Морган Шнајдерлин. Французинот ќе пристигне на “Гудисон Парк” за сума од 24 милиони фунти, тврдат медиумите на Островот.

Тој се покажа непотребен во тимот на Жозе Мурињо и Португалецот со задоволство се согласи да се раздели со него. Во меѓувреме пак Морган беше миленик на Роналд Куман за време на нивниот заеднички период во Саутемптон.

Францускиот репрезентативец одигра само еден меч во Премиер лигата во оваа сезона. Тој дојде на “Олд Трафорд” во 2015 година за сума од 25 милиони фунти.

Share.

Leave A Reply