Повеќе тенисерки најавија дека ќе играат во Штудгарт

0

Неколку од најдобрите тенисерки на светов веќе објавија дека ќе се појават на престижниот турниор во Штудгарт закажан за крајот на април во наредната година.

Присуството го потврдиле: Марија Шарапова, Симона Халеп, Гарбин Мугуруза, Каролина Плишкова, Јелена Останапенко и Каролин Гарсија. Покрај тоа, локалниот омилен и поранешен број 1 во светот, Анџелик Кербер, исто така, планира да игра во Штутгарт. Таму ќе ја гледаме и шампионката од САД , Слоан Стивенс.

Во тековнава сезона  Шарапова се врати на терените токму на собирот во Германија откако ја издржа казната од 15 месеци поради користење на допинг. Таа настапи со вајл-карта и стигна до полуфиналето. Русинката токму на турнирот во Штугард од 2012 до 2014 година успеа да  освои три последователни титули.

Share.

Leave A Reply