Повредата на Дибала не е сериозна

0

Повредата на напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала не е сериозна. Тоа го потврди тренерот на “бјанконерите” Масимилијано Алегри.

Аргентинецот ги уплаши навивачите на тимот откако принудно го напушти теренот во гостувањето кај Сампдорија. Првично се сметаше дека тој можеби добил мускулно истегнување што значи и подолга пауза, но очигледно работите се далеку од тешка повреда.

„Повредата не изгледа сериозна. Тој почувствува болка во колкот и затоа решивме да го извадиме од игра, за да не ризикуваме да стане нешто посериозно“, изјавил Алегри по средбата.

Share.

Leave A Reply