Повредата на Миркуловски не е сериозна, нема кинење на мускул

0

Повредите на Филип Миркуловски и Дејан Манасков, кои се пожалија на болка во мускулот во второто полувреме, па потоа воопшто не можеа да се вратат на теренот.

Првиот коментар за повредата на Миркуловски беше дека може да станува за нешто сериозно, па токму затоа одлична е веста што пристигнува од нашиот репрезентативен табор – дека не станува збор за кинење на мускулот.

Синоќа веднаш биле извршени детални прегледи на ногата на Миркуловски, кои покажале дека мускулот не е скинат. Сепак во текот на денешниот ден треба да биде познато колку ќе треба да мирува и дали постојат шанси Миркуловски да биде во можност да настапи против Норвешка в сабота.

Во текот на денешниот ден ќе биде позната и дијагнозата за повредата на Дејан Манасков, кој исто така се пожали на болка во левиот мускул. Нашата репрезентација денес заминува за Албервил каде треба да одработи еден тренинг пред утрешниот натпревар со Норвешка.

Share.

Leave A Reply