Бразилската суперѕвезда, Нејмар, сепак, не е сериозно повреден и наскоро ќе се врати на терените. Тој синоќа го напушти теренот за време на контролниот меч со Камерун по само осум минути игра и стравувањата беа дека повредата е од сериозен карактер.
Сепак, лекарот на националниот тим изјави дека првите наоди велат дека станува збор за полесна повреда, но деталните прегледи кои ќе бидат направени денеска ќе ја дадат и комплетната слика.
Според овие информации може да се заклучи дека Нејмар, сепак, ќе биде подготвен до следата недела за дуелот со Ливерпул во Лигата на шампионите.