Повредата на Томпсон е сериозна и ќе паузира шест месеци

0

Еден од најдобрите кошаркари и шутер на Голден Стејт, Клеј Томпсон, немаше среќа во синоќешниот натпревар и се повреди во третата четвртина од шестиот меч во НБА финалето.

При еден обид да поентира, Томсон лошо доскокна и го повреди коленото , а по оваа повреда не можеше да ја продолжи играта иако до тој момент за 32 минути игра имаше постигнато 30 поени и беше најефикасниот на последниот меч оваа сезона. Последните информации велат дека се работи за скинати лигаменти на коленото кои ќе го натераат да паузира подолг период.

Ова се лоши вести за него со оглед на тоа што ова лето е слободен агент и има можност да добие максимален договор. Прашање е дали сега управата на Голден Стејт ќе му ги понуди предвидените 190 милиони долари на Клеј Томпсон. Се предвидува долга пауза од најмалку 6 месеци, што значи дека ќе пропушти еден дел од новата сезона. Неговото отсуство и она на Кевин Дурант сигурно беше пресудно за поразот на Голден Стејт и губењето на титулата.

Share.

Leave A Reply