Позитивни на Ковид-19 во Лориент, 11 играчи одат во карантин

0

Прес-службата на француски тим Лориент објави дека има многу позитивни на коронавирус во тимот.

„По извршените тестови утрово, стана познато дека уште четворица играчи на Лориент беа заразени со КОВИД-19. 11 играчи на тимот се во карантин“, – се вели во информацијата објавена на веб-страница на клубот.

Пред една недела, во натпреварот од 18-то коло во француската Лига 1, Лориен беше домаќин на Монако. Средбата заврши со победа на гостите со резултат 5:2, веднаш потоа гостуваа кај Бордо и загубија со 2:1 на 9.јануари. Сега останува да видиме која ќе биде реакцијата на Лига 1, односно дали ќе го одложи натпреварот на Лориент кој треба да го играат на 17.јануари против Дижон.

Share.

Leave A Reply