Познат планот за новата сезона во НБА лигата

0

Новата сезона во Националната кошаркарска лига (НБА лига) веројатно ќе започне нешто пред Божиќ. Главната цел на управата на Лигата е следната сезона да ја започнат на 22 декември, да ги намали натпреварите на секоја екипа на 72 и да нема гледачи во салите како мерка против ширењето на КОВИД-19, пренесува ESPN.

Овој план беше предложен за време на дискусијата помеѓу НБА и Управниот одбор, а понатаму ќе биде договорен со Здружението на играчи.

Со сезона од 72 натпревари, намалена од вообичаените и традиционалните 82, ќе биде можно да се избегне преклопување на термините помеѓу НБА и Олимпијадата во Токио. Лигата ќе има можност да ја заврши својата сезоната пред игрите во главниот град на Јапонија (доколку се одржат) и со тоа одделни земји ќе можат да сметаат на своите најдобри играчи за олимпискиот кошаркарски турнир следното лето.

Share.

Leave A Reply