Денешната ждрепка ги одредени натпреварувачките двојки за продолжението на плеј-офот во домашното ракометно првенство. Фаворитот за титулата, екипата на Вардар, клучните средби ќе ги има против Еурофарм Работник и Металург, кои би требало да им бидат најсериозните ривали во борба за титулата.
Според ждрепката главните натпревари за Вардар ќе се играат во 1-то. и 6-то. коло против Еурофарм Работник, како и во 5-то. и 10-то. коло против Металург. Распоредот на натпреварите вели дека Вардар во последното коло ќе гостува во „Автокоманда“ кај Металург, но шампионот може да биде познат и порано.
Во 2. коло тимот на Еурофарм Работник гостува во Скопје кај Металург, а тој дуел според календарот треба да се одигра на 30 или 31 март. Сепак, поради тоа што тој викенд битолчани одат за Унгарија мечот ќе биде поместен неколку дена. Токму овие пресметки меѓу Металург и Еурофарм Работник ќе бидат исклучително возбудливи, затоа што од нив ќе зависи и битката за вицешампионската позиција.
Плеј-офот почнува на крајот на март, на 23 и 24, со мечевите од првото коло, а треба да заврши на 1 и 2 јуни.
Прво коло плеј-оф Суперлига – мажи:
Металург – Пелистер
Еурофарм Работник – Вардар|
Пролет – Бутел