Познати двојките за 3 коло од Лига Купот на Англија

0

Актуелниот освојувач на Лига Купот на Англија  Манчестер Јунајтед го започнува овогодинешното учество во ова натпреварување со домашен натпревар против Бартон Албион. Ова ќе биде прво гостување на овој тим кој во моментов игра во Чемпионшип дивизијата, на „Олд Тафорд” по 11 години.

Најинтересниот дуел од третото коло на „Карабао Купот”, што е новото име на ова натпреварување е меѓу Лестер Сити и Ливерпул. Ждрепката, кој беше влече рано утринава во Пекинг ги определи овие две екипи да играат во раната фаза на ова натпреварување, но исто така донесе и уште неколку дуели на екипи од Премиер лигата.

Манчестер Сити гостува на Вест Бромвич Албион, Кристал Палас го пречекува Хадерсфилд, а Бурнемаут ќе биде домакин Брајтон. Шампионот Челзи ќе го има за ривал Нотингем Форест, а дуелот се игра на „Стемфорд Бриџ”. Лидс Јунајтед на нашиот Алиоски ќеима тешка задача затоа што гостува кај Барнли.

1/16 финалето од ова натпреварување ќе се игра во недела на 18 септември.
Еве ги комплетните двојки за 1/16 финалето од Лига Купот на Англија:

Вест Бромвич – Манчестер Сити
Евертон – Сандерленд
Лестер – Ливерпул
Манчестер Јунајтед – Бартон
Брентфорд – Норвич
Вулверхемптон – Бристол Роверс
Барнли – Лидс Јунајтед
Арсенал – Донкастер Роверс
Бристол Сити – Стоук Сити
Ридинг – Свонси
Астон Вила – Мидлсброу
Челзи – Нотингем Форест
Вест Хем – Болтон
Кристал Палас – Хадерсфилд
Тотенхем – Барнсли / Дерби Каунти
Бурнемаут – Брајтон

Share.

Leave A Reply