Познати осминафиналните парови во Купот на Македонија

0

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за осминафиналето од најмасовното фудбалско натпреварување во нашата земја, Националниот Куп.

Во оваа фаза од осминафинале се приклучија Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум кои беа слободни во првото коло. Ждребката донесе неколку интересни дуели, како на пример Академија Пандев – Вардар, Струга Трим Љум – Работнички, Ренова – Пелистер и други.

1/8 финални парови во Купот на Македонија:
Академија Пандев – Вардар
Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса
Шкендија – Гостивар
Шкупи – Кит Го
Кожуф – Силекс
Струга Трим Љум – Работнички
Брегалница – Беласица
Ренова – Пелистер

Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21 октомври, ќе се игра само еден натпревар, додека четвртфиналните средби ќе бидат на програмата на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7 април, а финалето на 19 мај.

Share.

Leave A Reply