Познати патниците на Ф4 турнирот во СЕХА лигата

0

По вчера одиграните дуели во СЕХА лигата, веќе се познати екипите кои покрај актуелниот шампион Вардар ќе се борат за годинешната титула во регионалното натпреварување. На завршниот турнир од СЕХА лигата оваа година ќе ги гледаме и екипите на ППД Загреб, Целје и Мешков Брест.

По одигрување на последните две кола ќе бидат познати и полуфиналните двојки на Ф4 турнирот. Вардар одамна го обезбеди пласманот на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, а на две кола до крај на регуларниот дел на лигата познати се и другите три екипи што ќе разигруваат за трофејот.

Вардар сигурно е прв, и во полуфиналето ќе го добие тимот што регуларниот дел од сезоната ќе го заврши на четвртото место. Домаќинот на Ф4 турнирот треба да биде објавен денеска, а познато е дека термините за одигрување на натпреварите се 13 и 15 април.

Share.

Leave A Reply