Познати се евентуалните противници на нашите екипи во 2-то квалификациско коло од ЛЕ

0

Македонските фудбалски клубови кои ќе ја претставуваат нашата земја во квалификациите за Лига Европа вчера ги дознаа првите противници, а денес ги дознаа и евентуалните втори противници.

Академија Пандев во првото коло ќе игра против Зрињски, Алашкерт ќе ја предизвика екипата на Македонија ЃП, а Пјуник е првата пречка во квалификациите за екипата на Шкупи.

Денес беа извлечени и двојките за 2. квалификациско коло по што се познати и потенцијалните противници на нашите екипи.

Утрехт – Академија Пандев/Зрињски 
Алашкерт/Македонија ЃП – Стеауа/Милсами
Пјуник/Шкупи – Јаблонец

Натпреварите од 2. квалификациско коло се закажани за 25 јули и 1 август.

Share.

Leave A Reply