Познати се групите и двојките за новата рунда во Купот на Македонија

0

Денеска беа формирани групите и двојки за новата рунда во ракометниот Куп на Македонија за мажи a воедно беа составени паровите за 1 /4 финалната фаза во женска конкуренција.

Кај мажите во првата група ќе играат: Тинекс Пролет – Металург и Македонија ЃП – Прилеп. На вториот турнир ќе се сретнат Работнички – Струга и Охрид – Металург 2. Во третата група, Пелистер ќе игра со Вардар јуниор а Младост против Еурофарм. Во четвртата група, Вардар ќе се сретне со Борец а Радовиш ќе излезе на мегдна со Вардар 2. Мечевите ќе се играат од 20. до 23. април. Вардар поради настапот во Лигата на шампионите средбите ќе ги одигра во друг термин.

Кај жените во истата фаза, СЦЈС Вардар ќе игра со сениорскиот тим на „црвено црните“, Гевгелија против Овче Поле, Куманово ќе се сретне со Металург а Прилеп за противник ќе го има Пелистер.

Share.

Leave A Reply