Познати се сите учесници на ЕП во одбојка

0

Вчерашните мечеви во последната рунда по групи, ги определија патниците на Европското првенство во одбојка за мажи кое ќе биде реализирано годинава во септември во Франција, Белгија, Холандија и Словенија.

Покрај ко-домаќините на континенталниот собир ќе настапат и : Австрија, Белорусија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Италија, Црна Гора, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Шпанија, Турција и Украина.

Дел од големиот спортски настан ќе биде и нашата селекција која со вчерашната победа против Унгарија, се избори за историски настап на европско првенство.

Share.

Leave A Reply