Според резултатите во последното коло од групната фаза на Лигата на Европа, познати се сите учесници во 1/16 финалето од ова натпреварување.
Напролет, борбата за трофејот ќе ја продолжи:
Севиља (Шпанија), Малме (Шведска), Базел (Швајцарија), ЛАСК (Австрија), Селтик (Шкотска), Арсенал (Англија), Порто ( Португалија), Еспањол (Шпанија), Гент (Белгија), Истанбул Башакшехир (Турција), Брага (Португалија), Манчестер Јунајтед (Англија), АПОЕЛ (Кипар), Копенхаген (Данска) ), Хетафе (Шпанија), Спортинг (Португалија), Клуж (Романија), Ајнтрахт (Германија), Ренџерс (Шкотска), Лудогорец (Бугарија), Волфсбург (Германија) ), Рома (Италија), Волверхемптон (Англија), АЗ Алкмар (Холандија), Бриж (Белгија), Олимпијакос (Грција), Шахтјор (Украина), Баер Л.(Германија), РБ Салцбург (Австрија), Интер (Италија), Бенфика (Португалија) и Ајакс (Холандија).
Ждрепката за 1/16 финалната фаза ќе се одржи во понеделник, 16 декември.