Познати се термините за одигрување на средбите од ЛШ, Вардар ќе игра во ист термин цела сезона

0

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во консултација со ТВ куќите кои ги имаат правата за пренесување на натпреварите од ракометната Лига на шампиони ги одредија саатниците за одигрување на натпреварите од првите десет кола во сезонава која ни претстои.

Нашиот шампион Вардар својот европски настап го почнува против европскиот првак Монпелје на 15 септември во 17:30 часот. Овој термин, сабота во 17:30 часот, ќе биде стандарден за домашните натпревари на „црвено-црните“ во „Јане Сандански“. Единствено не е дефиниран терминот за мечот со Барселона во осмото коло кое се игра во периодот од 14 до 18 ноември.

Вардар е во група со екипите на Монпелје, Кристијанштад, Веспрем, Рајн Некар Левен, Мешков Брест, Барселона и Киелце.

Екипата која ќе го освои првото место во групата ќе се пласира директно во четвртфиналето, а екипите од второ до шесто место ќе играат најнапред во осминафинале со екипите од другата група.

Распоред на натпревари:

  1. коло – 15.09.2018
    Монпелје – Вардар (17:30 часот)
  2. коло – 22.09.2018
    Вардар – Кристијанштад (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански”)
  3. коло – 29.09.2018
    Веспрем – Вардар (17:30 ч.)
  4. коло – 06.10.2018
    Вардар – Рајн Некар (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански”)
  5. коло – 14.10.2018
    Киелце – Вардар (17:00 ч.)
  6. коло – 03.11.2018
    Вардар – Мешков (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански”)
  7. коло – 10.11.2018
    Вардар – Барселона (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански”)
  8. коло – 14/18.11. 2018
    Барселона – Вардар
  9. коло – 24.11.2018
    Мешков – Вардар (19:00 ч.)
  10. коло – 01.12.2018
    Вардар – Киелце (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански”)

 

Share.

Leave A Reply