Познати сите учесници во ¼ финалето, ждребката утре во Нион

0

По одигрувањето на последните два натпревари од 1/8-финалето во Лигата на шампионите, веќе се познати сите екипи кои продолжуваат понатаму и ќе играат во ¼ финалето.

Во оваа фаза од ЛШ видовме некои големи дуелии многу изненадувања. Најголемото изненадување беше елиминацијата на носителот на трофејот од последните три сезони Реал Мадрид, кој беше елиминиран од Ајакс по поразот со 1:4 на „Сантијаго Бернабеу” (2:1 за Реал во првиот дуел). Другиот голем подвиг го направи Манчестер Јунајтед, кој го елиминираше ПСЖ, по успехот со 3:1 во реваншот на „Парк де Пренс”, покрај поразот со 0:2 во првиот натпревар.

Доста тешко помина и еден од фаворитите оваа сезона,  Јувентус кој по поразот со 0:2 од Атлетико Мадрид во првиот дуел во Шпанија, успеа да слави со 3:0 во реваншот.

Пласман понатаму обезбедија и екипите на Манчестер Сити, Тотенхем, Порто, Барселона и Ливерпул.

Ждрепката за 1/4 финалето и 1/2 финалето ќе биде утре (15.март) во 12:00 часот во седиштето на УЕФА во Нион.

Еве ги сите учесници во 1/4 финалето:
Јувентус (Италија)
Манчестер Јунајтед (Англија)
Манчестер Сити (Англија)
Тотенхем (Англија)
Ливерпул (Англија)
Ајакс (Холандија)
Порто (Португалија)
Барселона (Шпанија)

 

Share.

Leave A Reply