Познати термините и судиите за завшницата од ракометниот куп

0

Викендов во Битола и во Скопје ќе се одиграат завршните турнири од Купот на Македонија 2017 во машка и женска конкуренција.

Фајнл Фор турнирот од машкиот Куп ќе се игра во Битола во салата „Младост“. Првото полуфинале во кое ќе се сретнат Охрид 2013 и домаќинот Еурофарм Работник ќе почне од 17:30 часот во сабота, додека во второто полуфинале чиј почеток е закажан исто така во сабота од 20:30 часот, ќе се сретнат скопските ривали Вардар и Металург. Финалето ќе се игра во недела од 16:30 часот.

Ракометната федерација на Македонија ги објави и имињата на судиите за завршниот турнир на Купот на Македонија во машка конкуренција кој ќе се одржии овој викенд во Битола. Според очекувањата интернационалните судии ги добија натпреварите кои ќе решаваат за титулата.

Николов и Начевски како и минатата недела во плеј-офот, ќе ја делат правдата на натпреварот Вардар – Металург, а браќата Георгиевски се делегирани за првото полуфинале меѓу Еурофарм Работник и Охрид.

Финалниот натпревар ќе го судат Митревски и Тодоровски од Битола.

Титулата од минатата сезона ќе ја брани Вардар кој е пред освојување и на титулата Шампион на Македонија.

Share.

Leave A Reply