Познати термините за натпреварите од првото коло во ПМФЛ

0

Официјално се познати термините за одигрување на натпреварите од првото коло на Првата фудбалска лига. Шампионатот ќе го отвори шампионот Вардар кој ќе го пречека Борец од Велес, в сабота попладне, а сите останатите натпревари ќе се играат в недела попладне.

Дуелот на „Чаир“ меѓу Шкупи и Шкендија го привлекува најголемото внимание меѓу неделните натпревари.

Парови за 1.коло од сезоната 2020/21:
Вардар – Борец (сабота 17:30 часот)
Македонија Ѓ.П. – Работнички (недела 17:30 часот)
Беласица – Силекс (недела 17:30 часот)
Пелистер – Академија Пандев (недела 17:30 часот)
Шкупи – Шкендија (недела 17:30 часот)
Ренова – Струга Трим Љум (недела 17:30 часот)

Фудбалската Федерација на Македонија исто така планира ждрепката за сезоната 2020/21 во двете Втори лиги (Исток и Запад) да се одржи на 10 август, а во истиот термин ќе бидат извлечени и паровите за првото коло на Купот на Македонија. Ова натпреварување својот почеток ќе го има на 23 септември.

Share.

Leave A Reply