Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, даде дополнителни информации околу рестартирањети на сезоната во Шпанија.
Пред медиумите во Шпанија, тој откри во кое време ќе се играат натпреварите од Примера. Првите неделни натпревари ќе започнуваат во период од 19:30 – 20:00 часот. Доцните средби ќе започнуваат меѓу 21:30 и 22:00 часот.
За време на викендот, покрај наведените часови, ќе има и претходни натпревари – од 17:00 часот. Ла Лига се враќа на 11 јуни со дербито во Севиља меѓу Бетис и Севиља.