Познати уште двајца учесници на АТП Мастерс во Лондон

0

Бугарискиот тенисер Григор Димитров о и Марин Чилиќ се новите двајца тенисери кои обезбедија настап на завршниот финален Мастерс АТП турнир кој се одржува во ноември во Лондон.

Двајцата тенисери го искористија поразот на Сем Квери во првото коло на турнирот во Виена и со тоа обезбедија пласман во Лондон. Останатите сигурни учесници во финалниот Мастерс се светскиот број 1 Рафаел Надал, швајцарскиот ас Роџер Федерер, Александар Зверев од Германија и Австриецот Доминик Тием.

Белгиецот Давид Гофин и Шпанецот Пабло Карело Буста се фаворити за последните две места за турнирот кој ќе се одржи од 12-ти до 19-ти ноември.

 

Share.

Leave A Reply