Пред време заврши сезоната во Мексико

0

Фудбалската сезона во Мексико е поништена и за прв пат нема да има шампион. Тимовите одиграа 10 од 17-те рунди пред да биде суспендиран шампионатото на 15 март поради корона-вирусот.

Фудбалската лига на земјата објави дека здравствените власти воведоа ограничувања кои не дозволуваат продолжување на првенството и затоа истото ќе биде откажано.

Дел од екипите започнаа со тестирање на играчите во обид да продолжат со тренинзите но, откако во екипата на Сантос Лагуна дури 12 фудбалери дадоа позитивни резултати за Ковид-19, сезоната е прекината.

 

Share.

Leave A Reply