Прекинат кошаркарски меч на Косово

0

Вториот дуел за календарскава 2017-та во „SIGAL-UNIQA“ Балканската лигата меѓу косовските Трепча и Пеќ, беше прекинат принудно на 5:33 минути пред крајот на третата четвртина кога од трибините на која беа сместени навивачите на домаќините полетаа предмети со кои беа погодени еден од судиите како и еден од кошаркарите на Пеќ.

Судиите побарале салата да биде испразнета, но, откако навивачите одбиле да го напуштат спортскиот објект, средбата беше прекината и сега ќе биде регистрирана со службен резултат од 20-0 за тимот на Пеќ.

Одлуката беше донесена од спортскиот директор на SIGAL-UNIQA Балканската лигата Шај Штрикс, поддржана од комесарот на натпреварот што за тоа бил информиран и претседателот на Косовската кошаркарска Федерација ,Еролд Белегу.

Share.

Leave A Reply