Премиер лигата го презеде приматот, најдобра во 2019 година

0

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го објави рангирањето на најсилните лиги во светот за 2019 година.

За прв пат од 2009 година приматот на најдобра го загуби Примера, а во 2019 година најдобра е Премиер лигата. 10 години по ред, шпанската Примера беше најсилната лига на светот. На второ место е бразилската Серија А. додека на третото место се наоѓа, шпанска Примера. Меѓу најдобрите 5 се упте и италијанската Серија А и Колумбискиот шампионат.

Македонската прва фудбалска лига се најде на 77-то место, зад Обединетите Арапски Емирати, а заедно со Никарагва.

10 најсилни лиги во светот според ИФФХС:

  1. Англија – 1287 поени
  2. Бразил – 1165
  3. Шпанија – 1141
  4. Италија – 939
  5. Колумбија – 849
  6. Португалија – 834
  7. Франција – 818
  8. Холандија – 790.5
  9. Аргентина – 776
  10. Германија – 765,5
Share.

Leave A Reply