Премиерот и Каевски имаа работна средба со спортските работници

0

Премиерот Зоран Заев заедно со директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, остварија работна средба со спортските работници и претставници на спортски федерации, здруженија и поддржувачи на развојот на спортот.

„Како Влада на Република Македонија, обезбедуваме неопходна поддршка за остварување квалитетни спортски можности и резултати во националниот систем на натревари како и соодветни услови за спортистите кои учествуваат на меѓународни натпревари. Професионалните спортисти и спортските работници ќе го добијат заслуженото достоинствено место во општеството. Нашата превземена обврска ќе ја реализираме, заедно со Агенцијата за млади и спорт“ потенцираше Заев.

„Системската поддршка на спортот од страна на државата е клучна за остварување високи спортски резултати и за достоинствен живот и услови за работа на сите спортисти и спортистки“ беа едногласни Заев и Каевски. Премиерот  напомена дека во Скопје ќе се гради објект  – „Дом на спортовите“ и дека спортските објекти во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување ќе одат во раце на федерациите и општините.

Share.

Leave A Reply